17 години од бомбардирањето на НАТО на Србија

0
462
На денешен ден во 1999 година почна бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија по наредба на генералниот секретар на Алијансата, Хавиер Солана.
Бомбардирањето, кое траеше 78 дена, заврши на 10 јуни 1999 година со усвојување на Резолуцијата 1244 за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Во нападите загинаа загинаа меѓу 1.200 – 2.500 лица, беа срушени болници, училишта, телевизиски згради, а штета беше поголема од 30 милијарди долари.
За многумина нападот на Србија беше без никаква правна основа и по ниту еден меѓународен закон.
Нападите почнаа на 24 март по неуспешните преговори за Косово во Париз.
Според УНХЦР по доаѓањето на мировните сили на Косово – Косово го напуштиле 230.000 Срби.

Без коментари

LEAVE A REPLY