17 милиони евра за Србија и Македонија

0
175

17 милиони евра ќе добијат Србија и Македонија како помош за решавање на мигрантската криза, Европската комисија го усвои пакетот помош, според кој Турција ќе добие една милијарда евра. Чешка за разлика од Унгарија, Романија и Словачка најверојатно нема да се противи на планот за прераспределба на 160.000 мигранти ширум унијата.

– Се работи за засилување на надворешната граница на ЕУ примарно меѓу Турција и Бугарија и меѓу Турција и Грција, каде треба да се проверуваат мигрантите, истакна еврокомесарот Хан.