17 претстави за 18-тото издание на Фестивалот на монодрама Битола

0
469

Центарот за култура – Битола од 4 до 10 мај е биде домаќин на актери од САД, Литванија, Србија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Израел и од Македонија кои ќе изведат 17 монодрамски остварувања.

– На 18-тото издание, 13 од претставите се во конкуренција, а 4 составен дел на фестивалската програма која беше отворена со претставата „Животот е прекрасен“ во изведба на МНТ-Скопје, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Фестивалот оваа година нуди 5 монодрами од македонска продукција или копродукција со што уште повеќе се потврдува значењето на овој настан кој ги слави актерите, уметноста и секако театарот-истакна селекторот на фестивалот Петар Мирчевски.

Неофицијалната програма е исто така одлично селектирана бидејќи во Битола покрај МНТ. со „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, ќе настапи и Театар Комедија со претставата „Случајот Хармс“.