17 претстави за 7 фестивалски денови

0
363

На 4-ти мај започнува Фестивалот на монодрама во Битола. Фестивалот ќе трае 7 денови а вљубениците во театарот ќе имаат можност да погледнат 13 монодрами кои ќе се борат за престижната награда”Гран При”, како и неколку претстави кои ќе бидат изведени вон конкуренција. На фестивалот учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои: Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија

Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири: Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски.

Фестивалот е во организација на Центар з а култура Битола а со поддршка на Министерството за култура.

Фестивалот ќе го отвори претставата “Животот е прекрасен” на МНТ а во режија на Александар Морфов, а ќе го затвори “Случајот Хармс” на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ.

Без коментари

LEAVE A REPLY