17-тото издание на Битола на точак, во бело

0
171

Битола пред една година се приклучи кон градовите во кои се организира критичната маса велоспиедисти а сега го имаше своето 17-то издание.

Возење, дружба, запознавање на нови пријатели, анимирање на бројни битолчани од сите генерации, приближно 1.000 учесници на досегашните критични маси и над 2.500 фанови.

17- тото издание исто така со голем број учесници од сите генерации.Од најмлади до најстари, уживаа во возењето низ битолските улици, овојпат со нова рута низ повеќе места, а интересно беше тоа што по повод белата ноќ во битола сите учесници беа облечени во бело.

Целта на овој настан е популаризација на велосипедот како урбано превозно средство.

Дружењето на 17-тото издaние на Битола на точак, продолжи во Бар чаршија, каде сите учесници добија ладен чај и локум како што налага битолската традиција.