17 загинати во силното невреме на Азурниот брег

0
2863

Бројот на настрадани во невремето што во текот на викендот го погоди југоистокот на Франција се искачи на 17, а четворица се водат како исчезнати. Во силната бура на Азурниот брег, кадешто се уште трае туристичката сезона, за само три часа наврнале 180 милиметри дожд. Поплавени се улиците на Кан, Антиб, Ница и други места. Повеќето од загинатите настрадале во автомобили, заробени во поплавените подземни гаражи.

Според медиумите, најдраматично било во Манделје-Ла-Напул, општина што граничи со Кан, каде седум лица загинале, а едно се води за исчезнато. Во Кан настрадале три лица и две се исчезнати.

Претходно беше објавено дека три штитеници на Домот за стари лица во гратчето Биот настрадале бидејќи вработените во домот преку ноќта не успеале на сигурно да ги префрлат сите луѓе.