170 птици изложени во Битола

0
2102

Ретки птици, канаринци, папагали, вкрстени видови на диви со питоми птици, беа изложени во малата сала на Заводот и музеј во Битола.
– Оваа изложба се одржува по втор пат, традиционално и е од ревијален карактер, така што нема натпреварувачки дух. Изложени се птици од членови на нашето здружение-истакна на отварањето Коста Нешковски, член на здружението на одгледувачи на птици егзотик „Билбил“.
На изложбата посетителите имаа можност да видат околу 170 птици.
На истата најмногу и се радуваа најмладите, кои застануваа пред птиците и се воодушевуваа на различните бои, особено кај папагалите и егзотичните птици.
Најинтересен беше тигрестиот папагал, кој е редок и го нема во продавниците за животни.
Изложбата се одржуваше под покровителство на Општина Битола, како дел од активностите во рамките на одбележувањето на 4 Ноември.
Изложбата имаа можност да ја посетат голем број на граѓани па и туристи од Турција, Грција и Косово.