18 години Тео травел Битола-верен придружник на патувањата

0
788

Под мотото Патувањето е квалитет на животот, веќе 18 години, во нашиот град постои туристичката агенција Тео травел. Оваа агенција

долги години е верен прирдружник и лојален партнер на патувањата.

Високообразувани професионалци се грижат за секоја информација поврзана со патувањата, во дејностите што се предмет на нивното постоење и работа.

По повод отворањето на летната сезона Тео травел за своите верни корисници, органзиираа настан на кој присутните добиваа големи попусти за летните аранжмани а воедно и подароци.

Од агенцијата не информираа дека битолчани се најмногу заинтересирани за Грција а младите се особено заинтересирани за Закинтос.

Teo_Travel_-_2.jpg

Тео травел е агенција која нуди -Авиобилети до сите одредишта во светот ,Визи за посета за прекуморски и други земји,туристички аранжмани за земјата и надвор од неа, индивидуални и групни, до било кое одредиште по избор на корисниците, школски екскурзии, автобуски превози, линиски и чартер, резевации за хотели и приватно сместување, рент-а-кар услуги , такси-превози до/од најблиските аеродроми , изнајмување на возила – автобуси и минибуси ,патнички осигурувања, индивидуални и групни ,организиран превоз за концерти и саеми.

Т.А.Тео травел е активен член на асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија .Со оваа туристичка агенција секое патување е возможно, секоја дестинација посебно доживување.