18 лица загинаа во поројни дождови во Кина

0
391

Осумнаесет лица загинаа, и уште толку се водат како исчезнати во поројните дождови, што го зафатија североисточниот дел на Кина.

ТАСС јави дека, 120.000 лица се евакуирани од невремето во провинцијата Цзилин.

Оштетени се голем број патишта и прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Регистрирани се материјални штети во домовите на 320.000 лица.