180 настани на БИТ ФЕСТ 2015

0
151

Со концерт на филмска музика на Битолскиот камерен оркестар всабота на 27 јуни свечено ќе започне најдолгото 10- тото јубилејно издание на БИТ ФЕСТ 2015 .Годинава на БИТ ФЕСТ ќе бидат забележани околу 180 културни настани и манифестации презентирани во период од 60 дена, каде што публиката ќе има можност да ужива во домашна и странска културна понуда.Градоначалникот на општина Битола соопшти дека ќе биде искористена секоја локација каде што уметниците мислат дека може да се презентираат.

VESNA_BIT_FEST_4.jpg
„Нудиме интензивна култура во сите 60 фестивалски дена. Градот насекаде ќе биде сцена и ќе биде искористена секоја локација каде што уметниците мислат дека може да се презентираат. Во изминатите 9 години на „Битфест” се одржаа над 2.000 настани со учество на над 30.000 уметници и сето тоа го видоа над 500.000 посетители – бројки кои не се за потценување и кои „Битфест” го издигнаа на врвот на културните случувања во Македонија.На БИТ ФЕСТ ќе настапат Симфонискиот оркестар од Утрет – Холандија, израелската театарска претстава „Нашиот глас”, интернационалните театарски продукции од Шекспир фестивалот, познатата рок група „Ван Гог”, јубилејното 45 издание на Илинденски денови и секако големите концерти на Фолтин и битолчаните Ламбе и Димитар.

VESNA_BIT_FEST_TALESKI.jpg

И годинава во шеесетте фестивалски дена нудиме над сто и осумдесет културни наслови кои вклучуваат многу повеќе случувања и кои Битола како многувековна урбана значајна точка на културната светска мапа, буквално ја прават една голема сцена на креативноста и создавањето”, изјави Владимир Талески градоначалник на општина Битола
Општина Битола ќе учествува во соорганизацијата на национални културни манифестации кои традиционално се одржуваат во градот како што се Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови” и театарскиот „Битола Шекспир фестивал”
Последниот ден на 27 август од битолското културно лето ќе биде заокружен со настанот Широк Сокак во бело. БИТ ФЕСТ се одржува со средства од локалната самоуправа и под покровителство во градоначалникот Талески .