19 години сум во репрезентацијата, ваква несериозност немало

0
1514

Наумче Мојсовски вели дека македонската репрезентација не личи на себе, искусниот ракометар вели дека пристапот кон првенството бил несериозен.

По поразот од Белорусија и завршувањето на учеството на Европското првенство, Мојсовски си ја отвори душата.
„Прашувам зошто не го почнавме мечот со Белорусија со најсилниот состав!? Рутенка не играше, ни кажаа дека нема да игра ниту Бабичев, влеговме многу опуштено, релаксирано и видовме што се случи, мислам дека тука беше грешката. Два месеци има до олимписките квалификации а ова што се случува сега е многу лошо, не знам што да кажам, наместо да одиме нагоре и да се подобруваме, ние потфрливме, ова е сериозна опомена. 19 години сум во репрезентацијата и можам да кажам дека ваква несериозност немало, почнувајќи од играчите па до сите други. Мораме нешто да промениме, бидејќи еве го април каде е и олимписките квалификации” вели Мојсовски.

Без коментари

LEAVE A REPLY