19 милиони евра казна оти договарале цени

0
372

Грчката Комисија за конкуренција казни шест козметички фирми меѓу кои и американската Есте Лаудер и француската Лореал, како и Кристијан Диор, на казни вкупно од околу 19 милиони евра поради договарање цени.

Грчката комисија соопшти дека открила анти- конкурентски договори меѓу трговците на големо на луксузни козметички производи со немара да се фиксираат цените на мало.

Филијалата на Есте Лаудер во Грција беше осудена на парична казна од 5,4 милиони евра, додека филијалите Лореал и Кристијан Диор беа казнети со 2,6 милиони евра, односно 1,8 милиони евра.

Казнети се уште три грчки групи Сарантис со 1,9 милиони евра, Нотос Ком со четири милиони и Геролјаматос Козметикс со три милиони евра.

Лореал реагираше на таа одлука и ги негираше обвинувањата за нелегална конкуренција.