2 Cellos на Таксират 17

0
537

Таксират е високо-професионален настан на кој гостуваат светски познати музички ѕвезди и настан кој привлекува повеќе од 10.000 посетители од целиот регион само за главната фестивалска вечер. Оваа година го достигнува своето 17 то издание.

Супергрупата 2CELLOS на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓаат во Скопје. Ќе настапат пред македонската публика на 4-ти декември на сцената на Метрополис Арена. Концертот е дел од офф-програмата на „Таксират“.

Главната вечер на 17-тото издание на Таксират е на
7-ми декември, со настап на повеќе изведувачи кои ги задоволуваат различните музички вкусови.

Првото издание на Таксират се одржа во 1999 година и од тогаш овој уникатен фестивал сè уште се одржува секоја година и сè уште има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје преку различни аспекти и пристапи на контра-културата. И покрај тоа што денес на сцената на Таксират настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, фестивалот сè уште успева да не премине во класичен комерцијален меинстрим настан и успева да го задржи својот оригинален имиџ со тоа што сè уште е цврсто заснован на темелите од своите почетоци односно идеалите и вербата во значењето на контра-културата.