2 години дебатно кино Контра кадар

0
181

Пред две години со дебатни филмски проекции, започна со работа дебатното кино Контра кадар во Битола.
Кинопроекциите се засноваат на концепт, кој од една страна работи на подигање на свеста во врска со одредени проблеми во општеството, а, од друга страна, ѝ се обраќа внимание на уметноста .

Сега го прославуваат својот роденден .Повеќе од 100 филмски проекции, гости -новинари, писатели, режисери и други ,преполни сали,се дел од 2 годишното постоење на Контра кадар.
Секоја недела продолжуваат со кино проекции а роденденската забава ќе ја одбележат со филмот Светиот грал на познатите Монти Пајтон во сабота со почеток од 19 часот, во големата сала на Центарот за култура, после која проекција следува роденденската журка.

Неда Маретиќ