-2 степена во Битола и 13 сантиметри снег

0
1114

Најмногу снег до 7 часот наврнало во Маврово 43 сантиметри, потоа 34 см во Лазарополе, 32 см во Дебар, 31 см во Пожаране, 25 см во Крушево, 20 см во Берово, 18 см во Тополчани и Тетово, 17 см во Ѓуриште, 13 см во Битола и Пожар, 12 см во Претор, 10 см во Крива Паланка и Штип, 9 см во Струмица, 8 см во Охрид, 6 см во Прилеп и Кавадарци, 4 см во Виница, 3 см во Скопје-Петровец и еден сантиметар во Демир Капија.

Од УХМР информираат дека минималните температури утрово изнесуваат -8 степени во Маврово, -7 во Лазарополе и Крушево, -4 во Берово, -3 во Прилеп, Претор и Дебар, -2 во Охрид, Тетово, Крива Паланка и Битола, -1 во Штип, Виница, и Куманово, нула степени се измерени во Скопје, Струмица, Кавадарци и Дојран, еден степен во Демир Капија и два степени во Гевгелија.

Денеска ќе преовладува претежно облачно, ветровито и студено со повремен локален снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, на моменти на места со брзина до 80 км/час. Дневната температура ќе биде во интервал од -4 до 2 степена.

 

Од утре се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.