20 години модата е негов свет

0
379

 

Никола Петровски кој годинава одбележува 20 години од својата прва ревија, на овогодинешното издание на Скопскиот моден викенд, претстави 20 креации од претходните колекции и 20 модели од новата колекција „Bocho Chic“, за есен/зима 2016/2017.
Инспириран од модните икони на 70-те, Петровски презентираше зрела колекција, богата со дезени и женствени силуети, доследна на јубилејот од 20 години.

Тој покажа носливи парчиња од фустани кои можат да се вклопат во секојдневниот живот. И овојпат не го изостави заводливиот сегмент што секоја жена треба да го истакне кај себе, така што во неговата колекција можат да се сретнат парчиња кои ја потенцираат сенузалната линија кај една жена.

Петровски е препознатлив и како дизајнер кој претставува колекции за сезоната која следува а не за актуелната, така што слободно може да се каже дека е дизајнер пред времето.