20 години Нокаут-голем концерт во Битола

0
768

Нокаут јапродолжуваат роденденската турнеја низ Македонија. 20-годишнината од постоењето,бендот ќе ја прослави заедно  и со битолската публика и тоа под отворено небо.

На 20-ти јули, со почеток во 21 часот, Нокаут ќе одржат акустичен концерт на магичната Хераклеја, а нивни специјални гости вечерта ќе бидат Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Македонската музичка атракција ,,Нокаут,, 20 годишнината од нивното постоење го одбележаа и со нова официјална веб страна на бендот, што претставува одлична можност за љубителите на убавата музика полесно да допрат до песните на оваа музичка група која две децении опстојува на македонската сцена.
Сега Нокаут се : Никола Перевски, Горјан Петровски, Бојан Перевски, Виктор Николовски, Борче Кузмановски, Благоја Антовски и Горан Кавраков.

– Еве нè, 2017-та година го славиме 20-от јубилеј. И сè уште живееме за сцената.
И на сцената.
И не планираме да престанеме-велат Нокаут.

Без коментари