20 години од смртта на принцезата Дијана

0
423

Започна одбележувањето на 20-годишнината од смртта на британската принцеза Дијана, која загина во автомобилска несреќа во Париз.

Жителите оставаат букети цвеќиња, фотографии и лични пораки пред Кенсингтонската палата.

„Сметам дека е феномен што толку многу луѓе, се` уште зборуваат за неа и се сеќаваат, 20 години подоцна, а никогаш не сме ја сретнале лично. Има допрено до сите нас, заради тоа која беше како личност, за што се бореше и што стана на крајот“, изјави жителка на Кент, родум од Австралија.

Принцот Вилијам и неговиот брат Хари, и` оддадоа почит на нивната мајка во средата, во Градината на спомен во Кенсингтонската палата.

„Таа беше инспирација на многу жени. Каде и да одеше, во било кој град, илјадници луѓе излегуваа само за да ја видат. Таа ја модернизираше сликата за кралската куќа.“

Позната уште како Лејди Ди, таа беше модна икона, која доминираше на насловните страници на таблоидите. Со нејзините хуманитарни акции пак, дополнително го освои вниманието од јавноста.

За нејзиниот живот, се уште се шират многу контроверзии и теории на заговор. Нејзините најблиски, велат дека била тажна принцеза. Во несреќниот брак со принцот Чарлс, неколку пати се обидува да изврши самоубиство..На крајот во 1996-та година, официјално се разведува и го напушта кралското семејство.

Една година подоцна, со својата нова љубов, милијардерот Доди Ал Фаед, тргнува на своето последно патување. Ноќта меѓу 30 и 31 август во уличен тунел во Париз, и двајцата умираат во сообраќајна несреќа. Без поширока истрага, сообраќајката е затворена како несреќен случај.

„Тоа беше шок за Велика Британија, но и за целиот свет..Дека принцезата од бајките, која конечно излгедаше дека ја нашла среќата во животот, е мртва.

Повеќе од три милиони луѓе присуствуваа на погребот на принцезата, а над 2 милијарди луѓе беа пред ТВ-екраните.