20 години прослави Општина Могила

0
1581

Со свечена седница на Совет денеска општина Могила ги започна празнувањата со кои што одбележа 20 години од своето постоење. Нa свечената седница градоначалникот акцент стави на развојот на општината и реализираните проекти во изминатите години.
mogila-2

Со 3,5 милиони денари средства од министерството за животна средина и 1,5 милион денари средства од буџетот на општината, денеска во чест на својот 20 годишен јубилеј беше свечено пуштен во употреба плоштадот.

mogila-4

Со сечење на лента беше пуштен и паркот кој што се наоѓа веднаш зад зградата на општината. Точно напладне беше отворена и ликовната изложба насловена Крвомеѓе од ликовниот уметник Николче Српчански

mogila-3

Празнувањата по повод 20 годишниот јубилеј ќе завршат вечерва со музички хепенинг и коктел на ново отворениот плоштад.

mogila-5