20 хектари пеплосани од пожарот кај Ротино и Цапари

0
370

Во пожарот кој што се појави околу 18 часот кај селата Ротино и Цапари изгореле околу 20 хектари ниско стеблеста шума. Од ТППЕ во Битола велат дека се интервенирало со 4 против пожарни возила, а помош имале од жителите на овие села како и од ПЕГАЗ. Од ТППЕ во Битола велат дека имале еден дефект на една од пожарните, но со поправка од страна на механичар, веднаш била ставена во функција. Додават дека опожарениот мерцедес немал никава врска со пожарарот кај селото Ротино, бидејќи тие дојава за опожарено возило добиле после 45 минути од дојавата за пожарот кај селото. Успелале да ги спасат и нивите на жителите , а исто така ја демантираја информацијата дека се опожарила и викендичка.Пожарот целосно го локализирале кај 3 часот по полноќ.