20-те наградени виолинисти од Битола одржаа концерт

0
574

На овогодинешниот државен натпревар во Скопје, учествуваше државното музичко училиште од Битола, чии ученици освоија многубројни специјални, први и втори награди со што уште еднаш се потврди квалитетот на ова училиште.

По тој повод наградените ученици од гудачката класа одржаа концерт.

За учениците, овие награди не се први, имено тие освојувале награди и на повеќе државни но и меѓународни натпревари.

Како заокружување на сите награди и наградени ученици, од сите класи, се одржа и традиционалниот годишен концерт .

Музичкото училиште-Битола е формирано во почетокот на 1947 годинa и спаѓа во редот на најстарите училишта во Македонија од овај вид. Едни од најеминентните и највлијателни музички работници во музичката култура во републиката, своето образование го завршиле токму во ова училиште.

Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, учествувајки на концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други институции и здруженија, хуманитарни концерти и секако со фестивалот на класична музика Интерфест – Битола.