20-то издание на интернационалниот детски фестивал Си-До

0
1222

Споменар, Супер бабичка, Анушка, Рокер јас сум мила мамо, Досадна недела, се само дел од песничките изведени на детскиот фестивал Си До кои до ден денешен се изведуваат.

Оваа година овој детски интернационален фестивал се одржа по 20 ти пат и ја распеа Битола.

СИ-ДО, битолскиот детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола.

Во 1991 година ова манифестација го добива денешното, многу популарно име Дете-фест „СИ-ДО” или скратено само СИ-ДО, во чест на името на познатиот битолски музички педагог, композитор и диригент Петар Сидовски.
Во сите тие години, во месец мај, во преполната голема сала на Центарот за култура, дефилираа над стотина деца годишно - како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор.
 За ова, посебен придонес имаа битолските композитори на детската музика: Петар Сидовски, Кире Костов, Миле Шерденков ,Славе Димитров, Петар Ѓорѓиев - Калица, Кирил Тодоровски, Милко Лозановски, Миодраг и Марјан Неќак, Снежана Наумовска .
На 20-тото јубилејно издание учествуваа 18 учесници, од кои 3 гости од други држави.
На сцената заедно со изведувачите беа и членовите на танцовиот спортски клуб Степ ап, студиото Анастасија и танцовиот клуб Експоуз.
Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрада меѓу кои Каролина Гочева, Димитар Андоновски и други.
Детскиот фестивал Си до, има соработка со повеќе меѓународни детски фестивали.
Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот на градот, како и на многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

Во 2005 година композиторот Миле Шерденков по иницијатива од граѓаните на град Битола и пошироко, еден од првите членови од организацијата на детскиот фестивал СиДо и Дарко Шерденков, ја продолжуваат традицијата така што овој фестивал прераснува на едно повисоко ниво во интернационални рамки а тоа се докажува со многубројните награди и признанија што ги добива детскиот музички фестивал СиДо.