20 уметници ги презентираа своите дела во Могила

0
1646

Во рамките на манифестацијата Топол културен бран Могила 2016, беше презентирана изложбата на ликовни уметници од Македонија.

На истата учествуваа 20 уметници од Битола, Скопје, Прилеп и двајца уметници од Могила.

Илзожбата се одржа со поддршка на општина Могила и министерството за култура на република Македонија.

На истата беа презентирани 23 дела во различна техника и тематика. Изложбата е втора оваа година, а трета по ред воопшто во Могила.

-Се надевам ќе продолжиме и понатаму со организирање на вакви настани во Могила, со цел ликовната култура да биде подостапна и за граѓаните на Могила, да не е привилегија само за поголемите градски средини, а да биде достапна за сите-истакна организаторот, ликовниот уметник Никола Српчански.

Без коментари

LEAVE A REPLY