20 златни и 4 сребрени медали во Солун

0
3257

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини во периодот од 4 – 5 март 2017 година учествуваше  на 6-тиот Интернационален и 10-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини “Мигдониа” 2017-та кој се одржа во Солун, а каде учествуваше и битолскиот тим кој ја претставуваше Република Македонија при што освои 20 златен и 4 сребрени медали.

На натпреварите учество зедоа делегации од држави од Балканот и регионот и над 100 клубови од домаќинот со над 700 натреварувачи, додека македонскиот тим беше составен од 21 натпреварувач кои се натпреваруваат во две дисциплини во борби во лоу кик и лајт контакт.
Комплетниот состав на македонската делегација во која беа и членови и родители ја предводеше основачот на Академијата “ЗА НЕД ДО” и официјален претставник за неколку светски федерации и организации од светот на боречките вештини, Grandmaster Златко Неделковски додека главен тренер на македонскиот тим е трикратнот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.

“Ние, а со тоа и Република Македонија по втор пат учествува на овој голем и значаен настан од сферата на боречките вештини во регионот а особено за домаќинот Република Грција.

Имено минатата година од овие два натпревари се вративме со 39 златни и 3 сребрени медали.

Впрочем натпреварите кои во Грција се репер за проверката на квалитетот во боречките вештини и тоа се настани кој не се за потценување дотолку повеќе што имаше огромен број натпреварувачи кои дошле да го покажат најдоброто од себе.

„ Ние како и минатата година нескромно ќе кажам им го собравме златото на домаќините со скромниот натпреварувачки тим од 21 борец кои се бореа во  две дисциплини во борби во лоу кик и лајт контакт.” – изјави Grandmaster Златко Неделковски – шеф на македонската делегација.

Македонската делегација за овој настан посебно  му се заблагодари на логистичката поддршка на првиот секретар при Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун, господинот Златко Котевски.