200.000 евра помош од Италија за настраданите во поплавите

0
437

Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка – Генерална дирекција за соработка и развој преку Меѓународната федерација на Црвен крст и црвената полумесечина, додели 200 илјади евра за активностите на Црвениот крст на Република Македонија, за ублажување на последиците од поплавите во Скопско, соопшти италијанската амбасада во Скопје.

Средствата, како што се наведува, ќе придонесат за финансирање на активностите за прва помош предводени од македонскиот Црвен крст, како на пример набавка на прехранбени производи, вода за пиење и други неопходности од примарен карактер: хигиенски средства, облека, душеци, покривки…