2000 евра казна ако шетате во шума

0
2965
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги потсетува граѓаните дека се уште е во сила ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси.

Ограничувањето важи за сите, од 22 јули до 5 август 2015 година во термин од 7:00 до 17 часот, освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, ниту за организирана тура туристи кои ги разгледуваат шумите и националните паркови во придружба на претстваник од „Македонски шуми“ или Националните паркови, нагласува МЗШВ.

За непочитување на  забраната, физичките лица затекнати во шума без дозвола ќе бидат казнети со глоба од 1.500 до 2.000 евра.

МЗШВ потсетува и дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. За непочитување на оваа забрана се предвидува глоба од 1.500 до 3.000 евра.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“ , „Пелистер“ и „Галичица“; ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.