2016 е престапна година

0
900

2016 год има ден повеќе, тоа е денешниот 29 февруари. Постојат различни верувања кај народоt.Во престапната година не се прават венчавки и свадби, ниту се гради куќа. Среќа ќе имаат само оние кои ќе бидат родени во престапна година.Верувањата на народот е дека се што се прави во престапна година има краток рок на траење, иако годината има ден повеќе. Во минатото луѓето многу внимавале на овие непишани правила.

Престапните години се начин за да се синхронизираат календарската година со астрономската година. Вистинската, односно астрономската година, која означува период за кој Земјата се завртува околу Сонцето, трае околу 365,2422 дена, така што при фиксиран календар со 365 дена, би дошло изместување на сезоните, односно годишните времиња.

Едноставно кажано, доколку не се интервенира во пресметувањето на календарската година, со текот на времето би можело да се случи Нова Година да падне во лето, а грозјето би созревало во декември или јануари. Тоа се решава со вметнување на еден дополнителен ден, кој ја зголемува годината на 366 дена.

Сите престапни години се делливи со 4, освен оние кои се делливи и со 100, на кои што се додаваат годините делливи со 400. Тоа значи дека годините 1800, 1900 и 2100 не се престапни, додека годините 1600, 2000, и 2400 се престапни.

Без коментари

LEAVE A REPLY