2016 година на големи турнеи за Маестрал

0
815

Оркестар Маестрал неодамна се вратија од големата турнеа во Австралија која ја реализираа заедно со Елена Јовческа.

Екипата на ИНТВ ги пречека на аеродромот “Александар Велики” и направи ексклузивно интервју. Тие освен што ги кажаа нивните импресии од долгонајавуваната турнеа, исто така и кажаа дел од нивните идни планови. Додека Елена Јовческа најавува музичко шоу и нови песни, како и настапи надвор од Македонија, и оркестар Маестрал не запираат со работа. Освен новиот материјал кој ќе го подготват, тие најавуваат турнеа во Америка. Таа турнеа ќе трае малку пократко од вообичаено затоа што знаеме и сме информирани дека оркесар Маестрал имаат долги и успешни турнеи. Закажани се неколку концерти во Америка во периодот од 1ви до 26ти септември. Па очекуваме добри импресии и резултати. Им посакуваме многу успех.