2016-та е година кога народот на избори ќе ја испрати својата порака

0
400
„Во 2016 година вие граѓаните ќе ја решите 2015 година. 2016 година е година на народот, година кога народот на фер и демократски избори на 24-ти април ќе ја соопшти својата одлука и ќе ја прати својата порака“, истакнува премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.
– Нашите напори Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО, ќе продолжат и во 2016-та, вклучувајки ги и напорите да се изнајде решение, кое ќе овозможи деблокада од нашиот јужен сосед. Мигрантската криза во 2016-та ќе продолжи да биде сериозен предизвик и на неа ќе треба да останеме фокусирани. Односите помеѓу различните етнички заедници и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, исто така, ќе бидат во приоритетите, бидејќи соживотот претставува клучен фактор за нашиот напредок, вели премиерот Груевски.

– Почитувани граѓани, Ви посакувам среќна и бериќетна 2016-та година. Во добро здравје, спокојство и среќа во вашите семејства, со заеднички сили да го продолжиме напредокот и развојот на Македонија. Ви посакувам личен успех во вашите зацртани цели, а вашиот индивидуален успех, земен севкупно, ќе биде и успех и гордост на целата наша држава. Нека ви е среќна и успешна новата 2016та година! – порача Груевски.