22 годишен битолчанец се обидел да прегази полицаец

0
3517

На 02.06.2016 година околу 01,50 часот во ПС од ОН-Битола полициски службеник од ПС за БПС Битола, пријавил дека околу 01,15 часот на ул.„Македонска Фаланга“ при вршење на работи на јавната безбедност (контрола и регулирање на сообраќајот), И.Ж.(22) од Битола кој управувал ПМВ„БМВ“ со битолски регистерски ознаки на даден светлечки знак „СТОП“, се обидел да го прегази и да не застане. Во тој момент полицискиот службеник се тргнал од коловозот, а И.Ж. со голема брзина го стартувал возилото, по што изгубил контрола над истото и за да не удри во службеното возило „Шкода Јети“ бил принуден да застане. Откако застанал, истиот излегол од возилото и физички го нападнал полицискиот службеник. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Осомничениот бил приведен во ПС ОН-Битола и против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.