22 музички таленти на Тра-ла-ла кидс и Тра-ла-ла Битола

0
1022

Битола на 3-ти и 4-ти декември, ќе биде домаќин на детските музички фестивали “Тра-ла-ла Кидс” и “Тра-ла-ла-Битола”, на кој учествуваат 22 млади музички таленти од целата држава.

Директорот на фестивалот “Тра-ла-ла” Тони Алексовски, истакнат музичар и композитор, член на жири на повеќе меѓународни детски фестивали, Директор на регионалниот сојуз на Светската Асоцијација на перформанси и уметности WAPA и член на Светската Асоцијација на фестивали и уметности WAFA изјави дека припремите се при крај.

Најдобрите песни и изведувачи ќе бидат наградени.

Со звучни наслови од типот Фудбалер, Во светот на приказните, Нинџа, Внука на Минхаузен и многу други ќе настапат деца солисти на возраст од 6 до 13 години.

Двата фестивали се во организација на Асоцијацијата за уметност “Алексовски”.

Наградите ќе бидат доделени на Гала концертот на 4-ти декември во Големата сала на Центарот за култура.

Фестивалот “Тра-ла-ла” веќе 16 години успешно егзистира на музичката сцена, промовирајќи ја македонската детска песна ширум светот како претставник на Македонија на повеќе меѓународни фестивали и арт-манифестации.

Без коментари

LEAVE A REPLY