22 први места за танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола

0
137

Танцот е начин за уметничко изразување, но и начин на комуникација кај многу култури. Танцот го практикуваат аматери и професионалци, уживајќи во ритамот на музиката.

Танцовиот спортски клуб Степ ап од Битола, учествуваа на овогодинешното државно првенство во Скопје по латино американски и модерни танци.

На натпреварот учествуваа членови од сите клубови во Македонија.

Целодневниот натпревар беше поделен во три дела.

Step_Up_-_2.jpg

Првиот дел беше државното првенство во Латино-американски и стандардни танци. Во старосната категорија пионери, двојни шампиони во латино и стандардни танци се Ангел Мицевски и Матеја Соколовска кои ги освоија првите места.

Вториот дел од натпреварот беше државно првенство во латино американски и стандардни танци меѓутоа Б категорија. Тука танцовиот спортски клуб „Степ ап” освои вкупно три први места, две втори, две трети и две петти.

Step_Up_-_3.jpg

Во третиот дел имаа најголем успех со вкупно седумнаесет први места, пет втори и две трети места.

Натпреварот се одржа во Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански” и вкупно танцовиот спортски клуб Степ ап, освоија дваесет и две први места.

Оваа година танцовиот спортски клуб Степ ап, одбележуваат една година постоење.