22-ри по ред фестивал во Хрватска на аматерскиот театар

0
498

Со настапот на тамбурашкиот оркестар и женската клапа на Херцеговац, се отврои 22 то издание на фестивалот денови на хрватскиот аматерски театар.

Секоја година во февруари, Херцеговац во Хрватска, станува место кое ги собира театарските аматери, ја оживува театарската игра, одекнува со богатството на хрватскиот јазик и култура као и културата на гостите од другите земји.

Оваа година фестивалот се одржа на 26 ти и 27 ми февруари, во организација на хрватската читална Херцеговац а во соработка со хрватската матица на иселеници.

Овој фестивал беше отворен со претставата Мотел мрак на драматургот од Керемпух, Дора Делбјанко а во режија на Иван Братковиќ.

На овогодинешното издание, се претстави и драмската група на КИК.Новаци во организација на хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво Марко Марулиќ Битола.

Кик новаци се претставија со комедијата Кафе хаг и малборо лајт, златната младеж на Пантовчак, на Марко Микуландра а во режија на Елизабета Јончиќ.

Оваа година на фестивалот своите претстави ги презентираа 5 групи и тоа покрај домаќините и Пиколо театар од Стари град, Хвар, градско казалиште младих Витез, Босна и Херцеговина, хрватскиот културен центар Бунјевачко коло од Суботица. Покрај претставите, беа одржани и драмски работилници со професорот Стјепан Пепелјнак.