-22 во Берово, -15 во Битола

0
537

Берово повторно беше најстудено во земјава, а постудено и во однос на мерењата на истото место претходните денови. Денешниот минимум беше -21,8°С на мерното место на УХМР во Берово.

-22 Берово, -15 Маврово, Битола, -14 Тетово, Кр. Паланка, -13 Лазарополе, Куманово, Штип, Скопје Петровец, -12 Струмица, Прилеп, -11 Д. Капија, Виница, Скопје (З. Рид), Крушево, -10 Претор, Пожаране, Тополчани, -9 Охрид, Ѓуриште, Гевгелија, -6 Дојран.

Од утре се очекува да „попушти“ студот во утринските часови. Во понеделник наутро студено, а навечер и во ноќните часови кон вторник ќе има услови за појава на слаб локален снег. Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури и ќе настапи период на позитивни дневни температури.

Без коментари

LEAVE A REPLY