220 работници од Тетово затруени со храна

0
559

220 работници од фабриката Леар во технолошко развојната зона кај Тетово изминатата ноќ се пожалиле на симптоми на труење и биле примени во болниците во Тетово и Гостивар.

Според информациите од полицијата, болничкиот персонал во 4:40 минути после полноќ ги примил работниците, откако тие во еден часот по полноќ вечерале во мензата на фабриката.

По околу два часа од вкупно 264 работници колку што биле на работа, кај 220 од нив се појавиле првите симптоми на труење од храна  – повраќање, болки во стомакот, вртоглавица и слично.

Екипи на полицијата извршиле увид во фабриката при што зеле примероци од храната и други траги за вештачење и работат на целосно расчистување на случајот.

News