226-санти метри високиот Дујковиќ ќе игра за Македонија

0
676

Марко Дујковиќ во иднина ќе го носи дресот на кошаркарската репрезентација на Македонија, објави Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Дујковиќ е висок 226 сантиметри и еден од петте највисоки кошаркари во Европа. Роден во Куманово, по мајка е Македонец, што значи дека во репрезентацијата ќе настапува како Македонец.

Марко Дујковиќ во кариерата настапувал за повеќе екипи во Србија, Босна и Херцеговина и Грузија. Во Србија играл за Раднички од Белград и за Металац од Ваљево, во БиХ ги бранел боите на Босна, а минатата сезона ја минал во Грузија, во редовите на Олимпија од Тбилиси.

За грузискиот тим одигра 17 натпревари, на кои во просек по натпревар остварувал двоен ефект од 11,4 поени и 11,8 скокови.