23.000 билети се пуштени во продажба за Суперкупот на УЕФА

0
621

На официјалниот веб сајт на УЕФА стартуваше резервацијата на билети за претстојниот Супер куп кој на 8 август се игра во Скопје на националната арена меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Македонските навивачи како и сите други ќе може да учествуваат во онлајн резервациите со неколку категории на билети од 15 и 50 евра, а ќе имаат право на само 4 влезници кои ќе гласат на лично име и нема да може да се пренесат на друго лице со цел да се спречи препродажба и злоупотреби.

На веб страната на УЕФА има и македонска верзија на делот за продажба на билети каде треба да креирате ваш профил и да ги внесете личните податоци како и методот на плаќање.