23 лица загинаа во пожарите во Калифорнија

0
126

Калифорнија ги повика соседните американски сојузни држави да ѝ се придружат против особено силните шумски пожари во коишто од неделата загинаа 23 лица, 3.500 градби се уништени, за повеќе стотици лица уште не се знае каде се наоѓаат, а состојбата би можела да се влоши.

Поткрепени со ветар со јачина од над 60 километри на час, со само 8 отсто влага во воздухот, 22 пожари пеплосаа од неделата речиси 77.000 хектари во осум калифорниски окрузи. Пожарникарите проценуваат дека се уништени најмалку 3.500 градби, куќи и продавници

Без коментари