23-та по ред дружба за точакољупците во Битола

0
716

На 23-тата дружба на велосипед во Битола учествуваа околу 40-тина точакољупци.
Овој настан кој привлекува се поголемо внимание, се одржува секој последен четврток во месецот со цел подигнување на свеста за употребата на велосипед, не само за рекреација туку и како начин на живот.
Битола пред година и пол се приклучи кон градовите во кои се организира критичната маса велоспиедисти а сега го имаше своето 23-то издание.
И овојпат со голем број учесници од сите генерации.Од најмлади до најстари, уживаа во возењето низ битолските улици. Имено ова беше последната од зимските критични маси.Она што е важно да се истакне е дека ‪#‎Битола‬ ја извози втората зима по ред без прекин.
Покрај дружењето се разбудува и свеста кај граѓаните за здрав начин на живот.
На оваа КМ#23 се потсети на одредбите од законот за градба за вело паркинзи.
Останатите цели на критичната маса се-директно влијание кон намалувањето на загадувањето во нашиот град, превземање на активности со цел обезбедување на знаци, патеки, кои ќе го поттикнуваат овој тип на превоз во нашиот град.
Следува првата пролетна дружба на КМ#24 со супер интересна тема .
Неодамна Битолчани, го одбележаа и интернационалниот зимски со велоспиед на работа ден, настан кој за прв пат започна во Канада пред 4 години, а годинава се одбележа во повеќе десетици градови во светот, вклучуваќи ја и Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY