23-то издание на Шопеновата вечер во Битола

0
580

Во концертната сала на Заводот и Музеј – Битола, по 23-ри пат се одржа манифестацијата „Шопенова вечер“. Оваа манифестација традиционално е во организација на  друштвото за македонско-полско пријателство и соработка Висла – огранок од Битола, со поддршка на амбасадата на Полска во Македонија.
На манифестацијата концерт одржаа младите музички таленти од Битола, односно учениците од државното музичко училиште .

Mанифестацијата е во рамките на деновите на полска култура во Македонија.

Шопеновата вечер, традиционално се одржува во чест на полскиот композитор Фредерик Шопен ,композитор од времето на романтизмот и се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Во рамките на концертот беше прочитана и поезија од истакнати полски автори.

Без коментари

LEAVE A REPLY