24 години Радио 106

0
2151

Лидерот во музичкиот простор во пелагонискиот регион, Радио 106 одбележа 24 години постоење.

На 14 ти февруари, 1993 започна приказната за најслушаното радио во регионот.

Примарна цел на оваа радио станица е презентирање на најновата музика, секогаш со најновите вести од музичката сцена и секогаш презентирајќи ги новите песни пред било која друга радио станица.

106-ка е една од најслушаните радиостаници во Битола со програма направена според европските стандарди за хит радио станица.

106-ка од Битола емитува програма од сопствена продукција, од забавен и информативен карактер.

Екипата на Тера телевизија им го честита роденденот на колегите од радио 106.