24 медали на Интернационален натпревар во Грција за За-Нед-До

0
494

Академијата за боречки вештини ЗА НЕД ДО од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини, учествуваше на 6-тиот Интернационален и 10-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини „Мигдониа” 2017-та кој се одржа во Солун, при што освои 20 златни и четири сребрени медали.

На натпреварите учество зедоа држави од Балканот и регионот и над 100 клубови од земјата домаќин со преку 700 натреварувачи, додека македонскиот тим беше составен од 21 натпреварувач кои се натпреваруваа во две дисциплини во борби во лоу кик и лајт контакт.

– Ние а со тоа и Република Македонија по втор пат учествува на овој голем и значаен настан од сферата на боречките вештини во регионот а особено за домаќинот Република Грција. Имено минатата година од овие два натпревари се вративме со 39 златни и 3 сребрени медали.-истакнаа од За-Нед-До.