24-та Шопенова вечер во Битола

0
270

Во концертната сала на Заводот и Музеј – Битола, по 24-ри пат се одржа манифестацијата „Шопенова вечер“. Оваа манифестација традиционално е во организација на  друштвото за македонско-полско пријателство и соработка Висла – огранок од Битола, со поддршка на амбасадата на Полска во Македонија.
На манифестацијата концерт одржаа младите музички таленти од Битола, односно учениците од државното музичко училиште .

Шопеновата вечер, традиционално се одржува во чест на полскиот композитор Фредерик Шопен ,композитор од времето на романтизмот и се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.