247 жртви во Италија по катастрофалниот земјотрес

0
355

247 се загинатите во земјотресот во Италија, а бројот на повредените е барем 368 жители, соопштија локалните власти. Оваа бројка постојано се менува, порано информациите беа за 159 жртви, но со напредокот на денот тие се зголемуваат. Околу 200 лица се водат за исчезнати.

Катастрофата донела најмногу жртви во Аматриче каде 2/3 од градот е уништен.

Во меѓувреме нов земјотрес од 4,2 степени по Рихтер го потресе истиот централен дел на Италија. Епицентарот на потресот со длабочина од 2 км се наоѓа на 123 километри североисточно од престолнината Рим и на 55 километри северно од градот Аквила.

Се уште нема информации за можните последици од тој земјотрес, а денеска е регистриран и друг во регионот со интензитет од 4,0 степени по Рихтер.