25 деца бегалци патувале без родителите

0
262

Во текот на вчерашниот ден до 8 часот утринава се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 814 странски државјани, од кои 513 мажи, 112 се жени, 164 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител.

Од 19 јуни досега, пак, вкуно се издадени вакви потврди на 53.571 странски државјани. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија-43.478, потоа Авганистан-2.825, Ирак-2.477, Пакистан-1.622, Палестина-694,Сомалија-564, Бангладеж-360, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-158 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од МВР информираат дека во изминатово деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, а врз основа на претходно издадена потврди. Досега од 19 јуни се поднесени 49 барања за признавање на право на азил, од кои 36 се на Сиријци.

Без коментари

LEAVE A REPLY