25 години од сурфањето на интернет

0
316

WWW е осмислена во 1989 година во Институтот ЦЕРН во Швајцарија, со намена за споделување информации и откритија меѓу научниците низ светот.

23 август е прогласен за Ден на интернаутите, односно на лицата кои пребаруваат низ интернетскиот простор. Зборот е кованица од интернет и астронаут.

На денешен ден пред 25 години Тим Бернерс-Ли им овозможи пристап на „обичните“ граѓани на неговата мрежа, World Wide Web, позната по кратенката www.

Интернетот е јавно достапен систем кој ни овозможува да го видиме целиот свет од блиску и не само тоа, тој ни овозможува подобра комнукација и достапност до секакви информации.

Во лабораторија во Европскиот совет за нуклеарни истражувања каде ја добил идејата за креирање на мрежа за полесна достапност до информациите.

Благодарение на таа мрежа денес имаме електронска пошта, комуникација, осознавање на светот, секакви информации и услуги и уште многу други работи.