25 години празник на класичната музика во Битола

0
281

Со концерт на Ајман Мусакаџаева уметник на Република Казакстан, во Битола започна јубилејното 25-то издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест“. Мусакаџаева е во рангот на најголемите интернационални ѕвезди на виолинската уметност кои освоиле награди на престижните конкурси за класична музика во Белград, Џенова, Токио, Хелсинки и интернационалниот конкурс „Чајковски“ во Москва.

На репертоарот беа дела на Витали, Брамс, Франк, Сен Санс, Бизе – Ваксман.

Годинава на „Интерфест“, во Битола, концерти ќе приредат пијанистката Ритка Кинка од Србија, Бетина и Роберт Ауст од Германија, пијанистот Џузепе Ло Чичеро од Италија, уметници од Турција, Црна Гора, Австрија и од Македонија.

Третата вечер продолжува со настапот на баритонот од Македонија, Иван Наумовски во придружба на пијанистката Елена Атанасовска Ивановска.
Фестивалот на класична музика „Интерфест“ ќе заврши на 12-ти октомври, а секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура.