25 години ВМРО ДПМНЕ Битола

0
566

VMRO 3 18TI

Токму пред 25 години, на овој ден во големата сала на Домот на културата се одржа основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ за Битола.Иако опструирана и негирана од тогашната власт и структурите на ЈНА, ВМРО-ДПМНЕ не само што опстои низ годините туку и привлече големо членство во градот, кое во моментов изнесува над 17.000. Секако, несомнено, важи и за најмоќната партија во државата, партија на и за народот, партија која ги означува силата и достоинството на Македонија.

BORCE IZJAVA 18TI ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите 25 години, успеа да создаде услови за соживот, мирољубие и чесност.Во тој дух, ја користам оваа прилика да го честитам празникот на Рамазан Бајрам на сите припадници на муслиманска вероисповест.Денеска, нескромно можам да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ е предводник на сите позитивни процеси и иницијативи во државата. Затоа, битолчани знаат, битолчани избраа да бидат дел од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ја почувствуваа внатрепартиската љубов и сила, кои влечат повеќе од се.Јубилеите и одбележувањата се моменти кога треба да се погледне назад, но уште повеќе, кога треба да се исчекори напред!

VMRO 1 18TI

Токму затоа, ВМРО- ДПМНЕ Битола во наредниот период ќе остане посветена и фокусирана на промени за подобро утре, лојалност и реализација на поквалитетни проекти, рече Борче Димитровски претстедател на ОО на ВМРО ДПМНЕ Битола

IZJAVA TALESKI 18Градоначалникот Талески истакна дека ВМРО ДПМНЕ како политичка партија знае да постави приоритети и во тешки денови и дека покажа и сега дека народот и Државата се пред се.