25 годишен битолчанец, извршил полов напад врз 13 годишно девојче

0
1285

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето А.А. (25) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на дете“ и „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Пријавениот на 01.03.2016 година околу 14,00 часот во Битола, пред основно училиште, со тргање го ставил тринаесетгодишно девојче во своето возило, по што ја однел во непознат правец, каде што извршил полови дејствија врз истата.