25 загинати од ураганот Нејт

0
213

Ураганот Нејт стигна до американската сојузна држава Луизијана.

Ураганот со себе носи ветер со брзина од 137 километри на час.

Во сојузните држави Луизијана, Мисисипи, Алабама и делови од Флорида наредена е итна евакуација на населението.

Ураганот Нејт во Никарагва, Костарика и Хондурас веќе однесе 25 животи. Нејт од тропска бура прерасна во ураган од прва категорија, на скалата од 1 до 5.

 

Без коментари